• петок, 05 јули 2024
МИА Најави МКД
21 април 2021  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 39 седница. (Голема сала/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/14:00) Скопје - Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз, амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј и амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри преку видео конференциска врска ќе одржат „Дискусија за националната подготовка за учество на Конференцијата COP 26 во Глазгов“. (https://youtu.be/d0lg2X93rQQ/14:30) Скопје - Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и управителите на компанијата ДММ Дрекслмајер мануфактуринг Македонија ДООЕЛ, Лукас Муехрингер и Јосеф Oтто Ерих Кауфман ќе потпишат договор за државна помош. (Влада на РСМ, медија центар, https://youtu.be/NMpw5FyGiyM/11:00) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи прес-конференција. (https://zoom.us/j/95482605686?pwd=ei9xVnUyaHVYNUUvK0FrNXFDZmhHQT09/10:00)
Скопје - Комората на сметководители на Македонија ќе одржи прес-конференција. (Пред Министерство за финансии/12:00)
Скопје - Онлајн настан на тема „Националните придонеси за климатските промени во фокусот - #ВозможноЕ да се постигне глобалната цел за климатски промени од 1,5 степени со амбициозна #КлиматскаАкцијаСега“ во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски Промени. (https://www.youtube.com/channel/UCClb47KE53BCaWwXnkz85_Q/13:00)
Скопје - Потпишување договор за заем за реализирање на проектот за Бас Рапид Транзит превоз во Скопје. (Депото на ЈСП во Ѓорче Петров/11:00, изјави за медиуми по потпишувањето на договорот)
Скопје - Националниот Блок „Не отворам врата“ ќе одржи прес-конференција. (Седиште на Единствена Македонија, ул.„Даме Груев“ бр.10/12:30)   
__________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан