• среда, 03 јули 2024
МИА Најави МКД
24 ноември 2020 Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 6/14:00) Делчево - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе изврши увид во реконструкција на регионален пат Бигла - Трстија. (изјави за медиуми на регионалниот пат во близина на с. Бигла/10:15) Скопје - Народната банка во рамки на Деновите на финансиска писменост организира виртуелна едукативна презентација за монетарната политика. (14:00)  Скопје - Вебинар на тема: „Пазарот на земјоделски производи во услови на Ковид 19 пандемијата“. (на платформа ZOOM https://us02web.zoom.us/u/kdhbNLOLnq /10:00) Скопје - Почнува четвртото издание на Macedonian Manufacturing Expo 2020- The Virtual Edition. (www.eventora.eu/mme2020) Скопје - Амбасадорот Дејвид Гир ќе ги врачи наградите за новинарски текстови за Скопје, под наслов „Мостовите на Скопје“ во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје“. (Фоаје на Националната опера и балет/12:00) Куманово - Пакомак ќе ја промовира првата вендинг машина. (Рамстор, во близина на пазарот/13:05) Скопје - Почнува 45. Млад отворен театар со премиерата „Универзална во пламен - трагедија во шест декади“. (Универзална сала/19:00) Скопје - Отворање на изложбата „Скопје виа Солун“. (Галерија Белогаски во Музеј на град Скопје/12:00) Скопје - Предавање „Пофалба на младоста“ на КРИК – фестивал за критичка култура. (на официјалната фејсбук страница на КРИК, на следниот линк: https://www.facebook.com/KRIKfestival  /19:30) Скопје - Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу ќе му врачи благодарница на боксерот Ардијан Аземи кој на Европското првенство за јуниори до 19-годишна возраст во Будва го освои бронзениот медал. (во просториите на Општина Чаир/13:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан