• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
30 јули 2021  Скопје - Собранието ќе ја одржи 48-та седница. (Сала „Македонија“/11:00) Скопје - Седница  на Буџетски совет на Собранието. (Сала 6/9:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 6/10:00) Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите. (Кристална сала/10:00) Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со Доника Гервала-Шварц, втор заменик премиер и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово. (Сала „Длаборез“/12:00) Скопје - Посета на европратеникот Кристијан Сагарц. (Струшка сала) - Средба со Александар Николоски, претседател на Националниот совет за евроинтеграции. (11:00-11:45) - Средба со Биљал Касами, копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет. (11:45-12:30) - Средба со Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања. (12:30-13:15) Скопје - Работна средба на ИППГ за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/10:30) Скопје - Првиот Вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби ќе присуствува на настанот организиран од страна на Агенцијата за примена на јазикот, во рамките на одбележувањето на 20 годишнината на Охридскиот рамковен договор, каде ќе им се врачат сертификати на преведувачи на албански јазик кои работаат во државните институции.  (х.„Хилтон“/10:00) Скопје - Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак ќе се обратат на доделувањето договорите на третата група за реализација на инфраструктурни проекти во 32 општини од ТАВ програмата. (Клуб на пратеници/11:00) Скопје - Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски,  директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски и  раководителот на секторот за операции при Делегација на ЕУ во Скопје, Штефен Худолин, ќе присуствуваат на промоција на новите кампањи на Агенцијата за храна и ветеринарство и одбележување на завршувањето на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи”. (Клуб на пратеници, изјави за медиуми/10:00) Скопје -  Транспаренси Интернешнл Македонија организира онлајн настан кој има за цел да ги запознае учесниците со можностите кои ги нудат европските програми и фондови како дел од проектот: Промоција на заеднички вредности низ Европа.(https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZMkdOipqDMvEtZEFoYwXZg9wAjJe64MpDuk/11:00) Скопје - Откривање на таблата со новото име на улицата „Јусуф Грвала“ во Општина Чаир. Откривањето на таблата ќе се реализира заедно со министерката за Надворешни работи на Косово и истовремено ќерка на деецот Јусуф Грвала,  Доника Грвала. (Влез од Старата чаршија во близина на аптеката Зегин/11:00) Скопје - Промоција на проектот Македонската мода и култура низ вековите во организација на Традарт. (https://us02web.zoom.us/j/87321403414?pwd=Zk5hVXdKa0RQMDhnRFJkeUVINzlKdz09/12:30) Скопје - Дигитална изложба со мултимедијални содржини насловена „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“. (www.nubsk.edu.mk НУБ „Св. Климент Охридски“ и  www.dlib.mk Дигитална библиотека на РСМ Битола - Свечено затворање на Фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. (Ракометно игралиште/20:00) Охрид - Концерт на Бајага и Инструктори. (Антички театар Охрид/21:00) _________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини    

Остани поврзан