• среда, 08 мај 2024
МИА Најави МКД
4 јуни 2021 Скопје – Трета работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците. (Собрание, Парламентарен институт/10:00) Штип - Премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и шефот на Европската банка за обнова и развој за Северна Македонија Андри Аранитаси ќе се обратат на пуштањето во употреба на експресниот пат Штип - Радовиш, прва фаза. (автопат Радовиш – Штип, клучка Лакавица/12:30, медиумите да пристигнат најдоцна до 12:00) Ростуше - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посети реконструираното Полициско одделение Ростуше во Општина Маврово Ростуше. (12:15, изјава за медиуми по посетата) Скопје - Прес - конференција по повод воспоставената соработка меѓу Министерството за одбрана и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на која ќе присуствува министерката за одбрана Радмила Шекеринска.. (на платото пред Домот на Армијата/11:00) Скопје - ТАВ Македонија организира настан по повод отворањето на новата авиолинија Москва - Скопје, со авиокомпанијата Нордвинд на кој изјави ќе дадат Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија, и Сергеј Баздникин, Амбасадор на Руската Федерација во Македонија. (на Меѓународниот аеродром Скопје/16:00) Битола - Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски ќе ја посетат фармата „Емини ДООЕЛ“ во село Доленци. (11:00, по посетата предвидени се изјави за медиуми) Скопје – Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер во посета на Собранието. (сала на Уставна комисија/11:00) Скопје – Комората на извршители на Република Северна Македонија слави 15-годишен јубилеј. (х.„DoubleTree by Hilton“/14:00) Охрид- Прес-конференција на која ќе биде соопштена Програмата за годинашното 61-во издание на фестивалот „Охридско лето“. („Долни Сарај“/12:00) Скопје - Десетто јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар (BIWC). (х. „Холидеј ин“/17:00) Скопје – Четиринаесетто издание на „Недела на јапонски филм“. (Кинотека/20:00) Сплит – Изложба на скулптури „Емоционални покрети/Emotional movements“ на Никола Смилков. (во просториите на Француската алијанса/19:00) Скопје – Прес-конференција на Ракометниот клуб „Вардар1961“. (во салата за прес-конференции во СЦ „Јане Сандански“/14:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан