• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
22 јули 2020 Велес - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе оствари работна посета на општина Велес и со градоначалникот Аце Коцевски ќе извршaт увид во изградба на водоводна мрежа за н.м Раштани и Бузалково. (изјави за медиумите во н.м. Раштани/11:45)

Скопје – Изјави на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и главниот извршен директор на Халкбанк АС Скопје, Билал Суџубаши по повод завршување на реновирањето на 19 пешачки мостови кое изминативе два месеци го вршеше Халкбанк АД Скопје како донација за Град Скопје. (пред мостот спроти дискотеките во Градскиот парк/10:30)

Скопје – Јавна презентација по Предлог-Детален урбанистички план Градска четврт Ц 01 - Мал Ринг 1, Општина Центар, плански период 2019-2024. (во просториите на Општина Центар, ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, сала за состаноци, барака 6/10:00) Охрид - Почнува третото по ред издание на „Beach Film Festival 2020“  на плажата Св. Стефан во Охрид. (21:00) Битола - Изложба на фотографии: „50 години ЦИОФФ - За живот на традицијата“. (Центар за култура/20:00) ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан