• сабота, 28 септември 2024
МИА Најави - МКД
30 јули 2020 

Битола - Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, евроамбасадорот Самуел Жбогар, градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска и директорката на Институт и музеј-Битола, Мери Стојанова ќе одржат прес-конференција за одбележување на отпочнувањето на реконструкцијата на Хераклеја Линкестис. (Археолошки локалитет Хераклеја Линкестис/13:00)

Скопје -  Генералниот извршен директор на East Gate, Игор Давков и претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, Антонио Аргир ќе го потпишат договорот за најголемиот синдициран заем во земјава од 72 милиони евра. (Градилиште на трговскиот центар East Gate/10:00) Охрид - Прес-конференција на која ќе биде промовирана годинашната јубилејна програма на 60. „Охридско лето“. (Тераса на Долни Сарај/10:30)

Скопје - УНИЦЕФ и Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс Тинк“ ќе ги претстават наодите од истражувањето Социјалните и економските ефекти на КОВИД-19 врз децата во Северна Македонија. (ZOOM/13:00)

Скопје - Здружението Лидери за едукација, активизам и развој ќе одржи брифинг со медиумите на тема „Спроведување на моделот на далечинско учење во средните училишта во време на криза: Предизвици и позитивни практики“. (Цреша Бар/11:00)

Скопје - Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани ќе одржи прес-конференција. (Пред Мустафа пашината џамија/10:00) Скопје - Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села ќе одржи прес-конференција. (Плоштад „Скендербег“/13:30) Скопје - Онлајн обука на тема „Пополнување работни места во јавниот сектор, со посебен осврт на врасботување преку јавен обглас и разгфраничување на вработувањето наспрема ангажирањето на лица со договор на дело“ во организација на Тренинг центар Ц.Е.С. Скопје - Промоција на збирката раскази „Нека играат децата“ од авторот Денис Бојаров. (Плато на МКЦ/20:00) ________________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан