Кавадарци - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев ќе извршат увид во реконструкција на локални улици во рамки на проектот „Поврзување со локални патишта”. (ул.„Браќа Џуневи“, изјави за медиуми10:00)
Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ќе присуствува на свечена церемонија со која официјално се затвора проектот „Воведување и спроведување на мерките за Заедничко уредување на пазарите“. (х.„Александар Палас“/11:30, изјави за медиуми/12:15)
Скопје - Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска ќе одржи прес-конференција по повод ,,Две години МојДДВ со граѓаните”. (Плато во дворот на Генералната дирекција, бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бр.1/10:00)
Скопје - 39. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка. (е-платформата „Вебекс“/14:00) Тетово - Свечена академија по повод 250 годишнината од раѓањето на просветителот, народниот учител и игумен на Лешочкиот манастир Кирил Пејчиновиќ- Тетоец во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. (Плато пред Музеј на тетовскиот крај/20:30) Скопје - Книжевен настан „Фини деца со сликовници“ во организација на Темплум. (МКЦ/18:30) Отешево - Регионален концерт за одбележување на укинувањето на роамингот на Западен Балкан во организација на РСС. (Плажа „Лејк вју“/19:00) Скопје - Концерт насловен „Патување низ Европа” на Марко Поп Ристов – виолина и Марија Вршкова – пијано. (Музеј на македонската борба/20:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини