• четврток, 04 јули 2024
МИА Најави - МКД
18 мај 2020 Скопје - Лидерска средба под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, на која треба да се разговара за терминот за одржување на предвремени парламентарните избори. (Вила Водно/12:00, медиумски екипи во 13:00, изјави на платото во „Вила Водно“) Свети Николе - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски ќе извршат увид во изградба и реконструкција на водоводни и канализациони линии во Свети Николе. (11:00) Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски ќе одржат прес-конференција по повод почнувањето на проектот за авионско засејување на облаците. (на аеродромот Стенковец- Скопје/11:00) Студеничани - Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на Општина Студеничани Азем Садики ќе извршат увид во работата на канцеларијата за социјална работа во Студеничани. (11:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан