• понеделник, 20 мај 2024
МИА Најави МКД
1 март 2022  Скопје - Собранието ќе ја одржи 64 седница. (Голема сала/ 11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 6/ 10:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала „Борис Трајковски“/ 11:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала на Уставна комисија/ 11:15)

Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе одржи редовен неделен брифинг за последните актуелности од надворешната политика. (МНР/ 9:00, пристигнување на медиумите/ 8:50)

Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменик - началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин ќе се обратат на церемонијата за одбележување на 1 Март, Ден на баталјонот на специјални сили на Армијата на Република Северна Македонија. (Касарна „Илинден“/ 11:30, пристигнување на медиумите, влез на касарната „Илинден”/ 11:10)

Пробиштип - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов ќе го посетат паркот „Братство и единство“ и реконструираната кино сала „Злетовски рудар“. (Парк „Братство и единство“/ 11:00, изјави за медиуми, кино сала „Злетовски рудар“/ 12:00)

Скопје - Директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, градоначалникичката на Град Скопје, Данела Арсовска и претставници на Европската делегација, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) – ИФИ Канцеларијата за координација (IFICO) ќе одржат прес-конференција по повод отворањето на тендерските понуди за изградба на пречистителната станица за третман на отпадни води – Скопје. (Простории на ЈП Водовод и канализација/ 11:15) Скопје - Советот на Град Скопје ќе ја одржи петтата седница. (Фејсбук страна на Град Скопје/ 11:00) Штип - Промоција на книгите „Меѓународно јавно право“ и Борба за опстанок и Експанзија – Студија на случај на конфликт помеѓу голема сила и мала држава“ на проф. д-р Дејан Маролов. (Правен факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, свечена сала, изјави за медиумите/ 11:45) Скопје - Изведба на балетската претстава „Ана Каренина“ од Петар Илич Чајковски. (Национална опера и балет/ 20:00) _________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан