• сабота, 16 ноември 2024
МИА Најави МКД
22 септември 2022  Скопје - Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе се обрати на јавната дискусија на тема Дискриминирачки говор на дигитални медиуми - состојба и предизвици”. (Кабинет на претседателот/11:45)  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 86-та седница. (Сала „Македонија“/11:00) Скопје - Улогата на Парламентите во имплементација на Агендата 2030. (Сала „Борис Трајковски“/14:20)

Скопје - Научно-стручна дебата на тема „Јавната и приватна безбедност - преку координација и соработка до заедничка превенција на безбедносните ризици и закани“ во организација на Филозофски факултет и Комората на РСМ за приватно обезбедување. (Филозофски факултет/10:00)

Скопје - Меѓународна конференција за нови идеи на тема „Редефинирани приоритети: нови реалности по украинската криза“ во организација на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) во соработка со УНХЦР. (Министерството за надворешни работи/8:45, изјави и дополнителни новинарски прашања по завршувањето на официјалното отворање околу 11 часот)

Скопје - Директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска и амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, ќе потпишат меморандум за соработка. (Простории на Академијата за судии и јавни обвинители, ламела 1/11:00, изјави за медиуми по потпишувањето на меморандумот)

Подгорица - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во работна посета на Црна Гора.

Скопје - Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ проф. д-р Изет Зеќири и претседателот на Академијата на науките на Албанија, академик Скендер Ѓинуши ќе потпишат Договорот за соработка помеѓу УМТ и АНА. (Зграда на Сојуз на синдикати на Македонија, ул.„Мирче Ацев“ бр. 4, Ректорат, 7 кат/9:30, изјави за медиумите по потпишување на договорот) Скопје - Здружението за помош на заболени од хронична миелоидна леукемија ХМЛ Македонија и Здружението за помош и поддршка на пациенти со хематолошки заболувања и нивни негуватели ХЕМА, како полноправни членки на глобалната мрежа на пациентски организации за хронична миелоидна леукемија CML Advocates Network ќе го одбележат 22 септември, светскиот ден на ХМЛ. (Амфитеатар во деканатот на Медицински факултет/11:00, изјави за медиуми/10:45)
Скопје - Директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе одржи прес-конференција по повод одржување “Европска недела на спорт”. (Агенција за млади и спорт, сала за конференции, 8ми спрат/12:00)
Тетово - Советот на Општина Тетово ќе одржи седница. (голема сала во Општина Тетово/11:00)
Скопје - Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев ќе даде изјава за медиуми. (Пред МВР/12:00)
Скопје - Шесто издание на Медиумскиот фестивал Скопје, посветено на медиумскиот третман на животната средина во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи - ПИНА. (Кинотека/20:00)
Скопје - Македонската академија на науките и уметностите и Матица македонска ќе ја промовираат колекцијата од дваесет и два романи од академик Божин Павловски. (Мултимедијален културен центар Матица ексклузив/12:00) 
Скопје - Промоција на романот „Вошицки“ од Марко Грегур, Хрватска. (МКЦ/20:00)
Велес - Свечено отворање на 19-от Меѓународен салон на стрип „Велес 2022“. (Ликовен салон/20:00)
Скопје - Изложба насловена Natura in Vita/Vita in Natura на Јана Луловска. (Национална галерија на РСМ, Мала Станица/20:00)
Скопје - Свечено отворање на манифестацијата и изложбата „Европските денови на културното наследство на Балканот“. (Музеј на Република Северна Македонија/11:30)
Прилеп - Отворање на изложбата „Уметниците во музеите - музеите со уметниците“, Лапидариум. (Завод и музеј Прилеп/12:00)
Велес - Инклузивен фолклорен перформанс „Фатени за раце го менуваме светот“, со учесници од училишта за деца со посебни потреби и фолклорни ансамбли од Велес, Кавадарци, Неготино и Штип.  (Библиотека „Гоце Дечлев“/19:00)
Битола - Мултимедијалната изложба „Нови естетики, нови простори“. (Културен центар Магаза/19:00)
Торино - Претставување на „Слоу фуд Македонија“ на Тера Мадре во Торино, Италија.
Скопје - Концерт насловен „Трансцеденција за 4 пијана“ во изведба на пијанистките Дуња Иванова, Јанинка Невчева, Ива Дамјановски и Маријана Николовска. (Филхармонија, голема сала/20:00)
______________________________________________________________________***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан