МИА Најави МКД
- 27 октомври 2022
27 октомври 2022
Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 90-та седница посветена на пратенички прашања. (сала„ Македонија“/ 11:00)
Скопје – Неформална средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери со претставници на медиумите. (сала на Уставна комисија/ 10:00)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала 4/ 10:00)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 4/ 14:00)
Гевгелија – Карванот „Собрание за граѓаните“ што се реализира во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“ финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарската Амбасада денеска е во Гевгелија.
Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши ќе оствари работна средба со претставници од прехранбената индустрија. (во просториите на Министерството за економија/ 9:30, по завршување на средбата предвидени се изјави за медиуми пред влезот на Министерството/ 10:30)
Скопје – Завршна конференција: „Дигитални вештини за граѓанско вклучување“ во организација на Македонско-Американска Алумни Асоцијација (МААА) и Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“. (Јавна соба/ 10:00)
Скопје - Балкански состанок на VHPB - Елиминација на вирусниот хепатитис во балканските земји: научени лекции и патот напред. (х. „Лимак“/ 8:30)
Скопје – Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ќе присуствува на настан посветен на глобалната борба против ракот на дојка организиран од Општина Чаир заедно со здружението „Ерза“. (на плоштадот „Вудроу Вилсон“ во Чаир/ 11:00)
Охрид – Тридневен регионален собир за развој на авантуристички туризам во државите од Западен Балкан, во организација на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и регионалниот проект на УСАИД за Економски развој, управување и раст на претпријатијата. (х. „Гранит“/ 9:00)
Скопје – Кампањата „Засади желба, за поубава иднина“ ќе го одбележи крајот на овогодинешните активности со изборот на три најкреативни решенија за дизајнирање на „Пензиски парк“. (во дворот на Архитектонски факултет)
Скопје – Во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, ИРЕКС и ИКС ќе се одржи панел дискусија на која избрани говорници ќе зборуваат за различни аспекти врзани за медиумската писменост, високото образование и маргинализираните групи. (во Амфитеатар 3 на Филолошкиот факултет/ 12:30 – 14:30)
Скопје – Македонска премиера на Националниот претставник за Оскар, „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона С. Митевска. (кино „Милениум“/ 20:00)
Скопје – Светски ден на аудиовизуелното наследство: Промоција на книгата „Иницијација и покајание“ на Атанас Чупоски и блуреј изданието на првиот македонски игран филм „Фросина“ на Воислав Нановиќ. (Кинотека на РСМ/ 12:00)
Битола – Промоција на документарниот филм Градот Битола – родоначалник на подвижните слики на Балканот од Лили Кадинска. (кино „Манаки“/20:00)
Скопје – „Банда“ концерт на оркестарот на Филхармонија со дела од Гинастера, Пјацола, Гершвин. (Филхармонија/ 20:00)
Скопје – Прес-конференција на џез ансамблот Bopheads по повод излегувањето на нивниот прв авторски албум „At the Philharmonic“. (кафе-бар „Филхармонија“/ 11:00)
Скопје – Концерт на кој ќе бидат изведени дела на Алберто Гинастера, Вила-Лобос, Астор Пјацола и други под диригентската палка на маестро Емил Табаков, Бугарија. (во објектот на Филхармонија/ 20:00)
Скопје – Промоција на книгата „Ноќни луѓе“, избор песни од Иван Херцег, Хрватска. (во бифето на МКЦ/ 20:00)
Скопје – Конференција: „Урбаниот профил на Скопје во современата проза“ во организација на Институтот за македонска литература. (во Амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков"/ 10:00)
Скопје – „Портретот во фокус“ изложба на македонскиот скулптор Илија Аџиевски. (Даут пашин амам/ 19:00)
Битола – Изложба на фотографии од авторот Сашо Ристевски. (Офицерски дом/ 19:00)
Скопје – Обука: Ненасилна комуникација во спортот. (Олимписки комитет на Северна Македонија/ 11:00)
____________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***