• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД
29 мај 2020 Валандово - Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, генералната директорка на АД МЕПСО Ева Шуклева и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, во работна посета на трафостаницата во Валандово, каде што се во тек инвестициски активности за нејзина модернизација. (11:00) Скопје - „Добредојдовте во НАТО“ - американски воени авиони со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на Република Северна Македонија во Алијансата. (околу 11:20) Ресен - Директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски ќе направи увид во градежните работи за реконструкција на спортската сала „Зоран Стојановски“. (12:00) Скопје - Отворање на новото Одделение за грижа за корисниците на ЈП Комунална хигиена – Скопје, на кое ќе присуствуваат градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски. (Управна зграда на претпријатието, ул. „516“ бр. 10, зад поранешен Скопски саем /12:00) Скопје - Петто онлајн-предавање на Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“ на тема: „Чекори во процесот на јавното застапување“. (На платформата Zoom / 18:00) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан