• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
30 април 2022  Скопје - Чествување на Денот на македонската полиција - 7 Мај во повеќе градови низ државата.  (12:30) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе биде пред Домот на АРМ во Струмица, заменик - министерот Назим Буши во Струга на Машка плажа парк, директорот на БЈБ, Сашо Тасевски на Градскиот стадион во Крива Паланка, државната секретарка Магдалена Несторовска ќе биде во Младинскиот парк во Велес, заменик - директорот на БЈБ, Ариф Асани на Гумење во Крушево. (Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски/ 13:00)   Охрид - Меѓународна еколошката акција за чистење на Охридското езеро „ОХРИД ЕКО 2022“ во организација на Нуркачки Центар АМФОРА од Охрид. (10:30, новинарите да бидат во 10:00 на Градското пристаниште) Прилеп - Прес-конференција на Здружението „Градиме иднина“. (Плоштад Прилеп/ 11:00)  Скопје - Четврта сесија на програмата „Џифони филмски денови“ со прикажување на германскиот филм „Рока го менува светот“. (Кинотека/ 10:00)  Скопје - Здружението на џез музичари и слободни уметници - ЗЏМ Скопје, ќе го одржи настанот насловен Today It’s All About Jazz vol.6. (Парк „Ибни Пајко“/ 14:00)  Битола - Концерт на Тони Китановски Трио по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот во организација на МКЦ-Битола. (Кафе бар Порта Џез/12:30) Скопје - Евровизиска забава за испраќање на македонската делегација и евровизиската претставничка Андреа во Торино во организација на евровизискиот фан клуб ОГАЕ Македонија. (Нано Бар во Дебар Маало/ 21:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан