• сабота, 16 ноември 2024
МИА Најави МКД
24 септември 2022
Њујорк - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати на генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк. (на македонски https://www.youtube.com/watch?v=DSWDxSX-gEs, на албански https://www.youtube.com/watch?v=sSfDNIw30Zs/16:00)
Скопје - Заменик - претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заменик - министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин. амбасадорката на Швајцарската конфедерација, Вероник Улман и евроамбасадорот Дејвид Гир ќе се обратат на фестивалот на тема „Враќање на граѓанскиот простор“. (Пред Дом на АРМ – зад спомен куќата „Мајка Тереза“/10:00-16:00, свечено отворање/12:00)
Штип - Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски ќе даде изјава за медиумите со која ќе информира за актуелната состојба со болеста Африканска чума кај свињите во земјава. (Пред просториите на Подрачната единица на Агенцијата за храна и ветеринарство, ул.„Васил Главинов“ бб, зграда на Општина Штип/13:00) Скопје - Бизнис форум на тема „Предности и недостатоци во регионалната соработка-Даути Комерц-Промотор на регионалните интеграции“ во организација на Стопанската комора на Северна Македонија. (Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр.13, 5 кат/11:00) Охрид - Научен интернационален собир за ретки болести на кој ќе предаваат признати професори од странство и од регионот. (х.„Силекс“/9:00) Скопје - Дводневен семинар на тема „Сите бои на конзервацијата“. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија) Скопје - Промоција на „Праисториска читанка и вежбанка за млади истражувачи“ на авторите м-р Василка Димитровска и Бисера Наумовска. (Интерактивното катче меѓу Домот на АРМ и „Меморијалниот музеј на Мајка Тереза“/11:45) Скопје - Иницијативата „НаТочак“, неформално здружение за урбан велосипедизам ќе ја одбележи 10-годишнината од борбата за вело-пријателски град. (Плоштад Македонија/11:00) Скопје - Прес-конференција на „Играме заедно“ – Аутизам ААМК и Колектив Ветерница. (Градски парк Школка/12:00) Скопје - „Кул е и кога COOL се пишува на кирилица“ од проектот „Цртај на македонски јазик“ на авторката Јана Борбала Панзов. (Кафе-книжарница Буква/17:00)

Охрид - Мултимедијален проект „Керамикум во мермер“ на Емил Солески. (Неолитски локалите-Залив на коските)

-Презентација на проектот Керамикум во мермер од Емил Солески  (11:00-13:00)

-Вовед и проекција на филм „Желбеници“ (11:00- 12:00)

-Изложба - Неолитско село од желбеници (12:00-13:00)

Скопје - Eлектроакустичен концерт за деца запијано и фиксен медиум „Во светот на чудата“ на композиторката Ана Пандевска. (Музеј на македонската борба/12:00)

Скопје - Концертна промоција на деби албумот на Македонскиот музички состав „Лилит“. (Филхармонија, кафе-бар/18:00)

Скопје - Business Run 2022, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Скопје - Cevahir Tower Run трка по скали во организација на АК Работнички. (Висококатници на Џевахир Скај Сити) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан