• петок, 22 ноември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
28 октомври 2022  Скопје - Собрание на Република Северна Македонија ќе ја продолжи 88. седница. (Сала „Македонија“/11:00) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/10:30)  Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе одржи редовен неделен брифинг со новинари за последните актуелности од надворешната политика. (МНР/09:30, пристигнување на новинарски екипи/09:15) Скопје - Министерот за правда Никола Тупанчески ќе се обрати на промоцијата на новата судница во Основниот кривичен суд Скопје. Завршен настан во рамки на инсталирање ИКТ опрема во пет суда како дел од оперативниот план за дигитализација на правосудството. (Основен кривичен суд Скопје, нова зграда, судница 23/10:30, пристигнување на медиуми/10:20) Скопје - Министерот за здравство Беким Сали ќе го посети вакциналниот пункт во Центарот за јавно здравје Скопје (амбуланта Пролет) каде се одвива имунизација против сезонски грип. (12:00)

Куманово - Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Општина Липково организираат настан во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје (МЛО). (Спортска сала на ОУ„Фаик Коница“ во с. Слупчане/14:00)

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу. (плоштад „Вудроу Вилсон“ во општина Чаир/11:00) Скопје - Научна конференција во рамки на научно-истражувачкиот проект „Димитрија Чуповски (1878−1940) и „Македонското научно-литературно другарство во Петроград (1902−1917)“ на Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ (2020−2022) во организација на МАНУ. (МАНУ, мали сали /10:00) Скопје - Предавање и лабараторија со гости од САД како дел од проектот „Општествено-политичко делување на современиот танц. Размена САД-Балкан: Лабораторија за споделување практики и дискурси“ во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. (МКЦ/19:00) Скопје - ХОРУС и Catalyst Balkans ќе одржат презентација на Годишниот извештај за состојбата на филантропијата во Македонија 2021 година. (х.„Холидеј Ин“/12:00) Гевгелија - Информативна сесија за Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) на ЕУ. (х.„Нар“/10:00) Скопје - Промотивен настан со фокус на сеопфатно истражување на првото македонско женско списание „Македонка – Орган на АФЖ“ во организација на Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК), Музејот на РСМ и Фестивалот за феминистичка култура и акција Прво па женско. (Музеј на РСМ/12:00) Скопје - Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ќе одржи средба на која ја дискутира за теми поврзани со политиките за заштита на потрошувачите кои се актуелни на централно и на локално ниво. (Простории на Стопанска комора на Република Северна Македонија, петти кат, бизнис сала/11:00) Скопје - Прес-конференција на В.В.В ГЈЦ ТРЕЈГ Дооел Скопје. (ул.„Никола Парапунов“ број бб, до сервисот за Технички преглед во продолжение на Фурната Специјал/11:30)

Битола - Презентација на проектот ABOVE, тренинг програма. (Хотел „Милениум“/10:00)

Скопје - КСП Центар Јадро организира работилница за партиципативна уметност со визуелната уметница Андреја Кулунчиќ. (10:45) Скопје - Промоција на романот „Превез” од Иван Стојановски. (КИЦ, салон Империјал/19:19) Скопје - Драмски театар Скопје ќе одржи комеморација по повод смртта на актерот Марин Бабиќ. (НУ Драмски театар/12:00) Кавадарци - Премиерна изведба на претставата „Покондирена тиква“ по текст на Јован Стерија Поповиќ, а во режија на Микица Илова. (Дом на култура/19:30)

Битола - Одбележување 15 години словенечко здружение „Триглав“ во Битола. (Офицерски дом/19:00)

Скопје - Концерт на Васил Атанасов, обоа и Катерина Гелебешева Костадиновска, пијано. (Музеј на македонската борба/20:00) ____________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан