• петок, 22 ноември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
16 февруари 2022 
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 63. седница. (Голема сала/12:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала „Борис Трајковски“/10:30)
Скопје -  Собраниската Законодавно-правна комисија ќе ги одржи 108-та, 107-та, и 109-та. седница. (Сала „Борис Трајковски“/10:00/10:15/10:45)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала 6/11:00)
Скопје - Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски ќе одржи средба со претставници од МНР на Република Словенија: Јернеј Милер, политички директор и генерален директор на Директоратот за заедничка надворешна и безбедносна политика и Алеша Совинц, директорка на Директоратот за проширување и за Југоисточна Европа. (Собрание, Кабинет бр.161/10:00)
Скопје - Прес-конференција на пратеникот Борислав Крмов од Левица на тема: „Предлог-законот на Левица за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој”. (Собрание, Кристална сала/11:30) 
Скопје - Работна посета на Комитетот за односи со заедниците на СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“. (11:30)
Скопје -  Изјави на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќии на министрите за образование и наука Јетон Шаќири, и за економија Крешник Бектеши, во врска со процесот на креирање на Стратегијата за паметна специјализација на Република Северна Македонија. (линкови за следење на изјавите: https://youtu.be/wYJ5KmJySjM   на македонски и https://youtu.be/Zq7MR1pTvDc на албански/09.15)
Скопје - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе одржи онлајн прес-конференција за резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година. (линкови за следење https://youtu.be/EXUDjX_vk2A на македонски и https://youtu.be/yziPPO5WT0k на албански/13.00)
Штип - Заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу ќе се обрати на настан коj е дел од дијалогот помеѓу Министерството за образование и наука и другите надлежни институции во областа на образованието, со градоначалници и претставници на локалните самоуправи, бизнис секторот, претставници на средните стручни училишта и меѓународни организации, а во насока на креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година и унапредување на средното стручно образование.
(Мултимедијален центар ,,Киро Глигоров”/11:00)
Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи петтата седница. (9:30)
Скопје - Јавна дебата на тема „Измена на регулативата за урбанистичко планирање – потреба или ризик од корупција”, во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата. (https://zoom.us/j/98335462575?pwd=T1lUcmo1K2QwVVI3VFVjZTBGUDVyUT09/12:00)
Скопје - Симпозиум за претставување на спецификите на македонскиот тероар, во рамки на тригодишниот транснационален проект „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци за локална и еколошка одржливост“ во организација на Винарската визба „Тиквеш“. (Постории на М6 Едукативен центар и онлајн https://us02web.zoom.us/.../tZEsde2qqTkrGdDGju89RkKZg.../10:00)
Скопје - Здружението за социјални иновации „АРНО“ ќе ги објави победничките идеи за социјални бизниси во рамки на проектот RISE. (Центар за социјални претпријатија, зади Спомен-куќата на Мајка Тереза, бул „Македонија" бб/9:30)
Скопје - Онлајн конференција на која ќе бидат промовирани новата веб платформа Ало Бушавко, наодите од работата на Ало Бушавко-СОС телефонот за деца и млади при ПДАС Меѓаши за 2021 година во организација на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. (https://us06web.zoom.us/j/89947079272?pwd=cFJHbkF1djFtSkdGdXpCNlQzK3QwZz09 и https://www.facebook.com/detskaambasadamegjashi/10:30)
Скопје -  Здружението на граѓани ЦИВИЛ организира онлајн настан на тема „Нелегалното оружје и организираниот криминал: Сè е поврзано“. (https://civilmedia.mk/vo-fokusot-na-tsivil-nelegalnoto-oruzhje-i-organiziraniot-kriminal-onlajn-nastan/13 часот)
_______________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан