• среда, 03 јули 2024
МИА Најави - МКД
3 февруари 2021  Скопје - Продолжение на 30. седница на Собранието на Република Северна Македонија. (Голема сала/11:00) Скопје - Средба на претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски со амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп. (сала на Влада/12:00) Скопје - Средба на претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Украина, Јован Митрески со украинската амбасадорка, Наталија Задорожњук. (Канцеларија бр. 205/10:00) Скопје - Средба на пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица со францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер. (Струшка сала/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура. (сала 6/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/14:00) Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ќе одржи средба со претставници на лозарите и винарските визби. (изјава за медиумите пред влезот во Конгресната сала на СЦ „Борис Трајковски“, на платото карши кугланата/14:00) Скопје - Министерката за култура Ирена Стефовска ќе се сретне со претставници од иницијативата Фискултура или култура. (во Министерство за култура/11:00) Скопје - Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Град Скопје организира јавна расправа по Нацрт-одлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел. (на платформата ZOOM https://bit.ly/3cyRg0Q  /11:00) Скопје - Фондот за регионален предизвик организира промотивен настан на првиот повик за изразување интерес за поддршка на проекти за кооперативна обука во шесте економии од Западен Балкан. (на платформата ZOOM/10:00-11:30) Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата. (пред Единицата за службени кучиња во Хиподром/11:00) Скопје - Прес-конференција на Алијансата за Албанците и Алтернатива. (Пред Собрание на Република Северна Македонија, главен влез/ 12:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан