• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД
7 мај 2022 

Скопје - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе одржи прес-конференција. (Простории на МНР/10:00, пристигнување на медиумите/9:50)

Делчево - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе се обратат на централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција 7-ми Мај. (12:30)

Скопје - Европското движење на Република Македонија во соработка со Делегацијата на ЕУ го организираат традиционалниот Планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето. (Пред седиштето на ЕУ, зграда на ЕУ Инфо-центар/9:30)

Скопје - Промоција на сликовница „Шила“ од Калиопи Трпчева и Јана Мишо во рамки на Саемот на книгата 2022. (19:00) Скопје - Прва изведба на претставата „ЛАЖЕШ МЕЛИТА" работена според истоимениот роман на хрватскиот писател Иван Кушан. (Н.У. Театар за деца и младинци/12:30) Скопје - НУ Турски Театар премиерно ќе ја изведе претставата „ГАЛЕБ“ од Антон Павлович Чехов и во режија на Нела Витошевиќ. (сцена на Театар Комедија/20:00) Скопје - Отворање на изложбата „Изведувајќи го безличното/Манифестирање на спекулумот“ (Performing the Impersonal / Manifesting Speculum) на Наташа Неделкова. (МСУ/12:00) Валандово - Отварање на 29. Меѓународни пролетни фестивали HIDIRELLEZ. (Фестивалско плато Чалакли/12:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан