МИА Најави МКД
- 3 септември 2020
3 септември 2020
Скопје - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски ќе извршат увид во изградба на социјална зграда во општина Бутел. (пред станбениот објект на ул. „Босна и Херцеговина“/11:00) Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе одржи работен состанок со претседателот на Стопанската комора на Северзападна Македонија, Неби Хоџа. (Стопанска комора на Северозападна Македонија /13:00) - Изјави за медиумите по завршувањето на состанокот. (13:45) Скопје – Тркалезна маса на тема: „Состојби, предизвици и препораки поврзани со имплементацијата на политиките од областа на енергетиката“, во организација на „Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој“ (ЦеПроСАРД). (х. „Александар Палас“/11:00)Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на Македонска пошта, кој е дел од гранскиот Синдикат на поштенски и телекомуникациски оператори на Македонија при КСС. (пред Владата на РСМ/12:30)
Куманово - Прес-конференција на Синдикатот на полиција во Македонија. (пред зградата на Сeкторот за внатрешни работи/12:00) Велес/Валандово - Амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда ќе присуствува на свечена церемонија по повод затворање на проектот за Здравствениот дом, имплементиран минатата година. (Изјава за медиумите пред Здравствен дом Велес/11:00, пред Општина Валандово/13:00)Штип - Седма меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“. (online преку платформата на Microsoft Teams/11:00), пред почетокот на конференција ќе се одржи прес-конференција (пред Правниот факултет на УГД/10:00)
Битола - Во рамки на фестивалот „Битола отворен град“ ќе се одржи изложбата „Coolest Dead People“ на Кристина Карапеоска (КЦ Магаза/12:00), промоција на монографијата „Македонска дискографија – винили (1958-2019)“, прв том на Тошо Филиповски и Македонска музика од винили со DJ Chiko. (20:00) _______________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***