• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД
2 август 2020 
Куманово - Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе се обрати на одбележувањето на државниот празник Илинден. (Mеморијален центар – АСНОМ, Пелинце/11:00, пристигнување на медиумите/10:00)
Крушево - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија предводена од потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, по повод националниот празник Денот на Републиката - 2 Август, ќе  положи цвеќе на Гробот на Никола Карев и на Споменикот на Слива „На хероите на Слива“ (10:30 ) и на  „Мечкин Камен“ (11:45).
Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски ќе положи цвеќе и ќе се обрати пред споменикот на Слободата - „Сила, слава и победа“ по повод Денот на Републиката 2 Август, Илинден. (Скопско Кале/10:05)
Струга - По повод државнот празник 2 Август, Илинден делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува во с. Ташмаруништа. (10:30)

Битола -  49. Светска македонска иселеничка средба и 40. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија  во организација на Матица на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес. (с.Трново, МПЦ „Успение на Пресвета Богородица“/10:30)

Преспа - 13. издание на фестивалот  Македонско културно лето 2020. (Плоштад „Гоце Делчев“ во Пустец, Преспа Р.Албанија) __________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан