• сабота, 05 октомври 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)
31 јануари 2022 Прилеп - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе го посети ООУ „Кире Гавриловски - Јане“ каде ќе изврши увид во реконструкцијата на училиштето, а потоа во новоотворената сала ќе го проследи подготвителниот натпревар за регионалниот турнир во одбојка (во 10:00, покана за сниматели и фоторепортери да го проследат настанот). -Премиерот Ковачевски ќе изврши увид и во реконструкцијата на СОУ „Мирче Ацев“. (во 10:35, изјави за медиумите после обиколката) Скопје - Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, во дводневна посета на Северна Македонија. Скопје - Состанок на заедничката работна група со Република Бугарија за економија, трговија и иновации. (Министерство за финансии)  Скопје - Министерот за здравство, Беким Сали ќе ја посети Клиниката за детски болести, каде успешно е излекувано дете од леукемија. (12:00) Скопје – Доделување грантови за 29 фирми - членки на Стопанската комора за да го продолжат дуалниот модел на образование со седум стручни училишта и една вискокообразовна институција. (х. „Холидеј Ин“/11:00) Скопје – Продолжение на  60-тата седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). (Зоом https://us06web.zoom.us/j/82055795763?pwd=MXo1UU9yWG5hY3Ntclo5ZHBKTHo5Zz09/10:00) Скопје - Презентација на реализираните проекти од првите 82 дена од мандатот на градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска. (Хол на МКЦ, кеј „Димитар Влахов“ бр. 15/12:00)   Гостивар - Јавна дебата на тема „Мотивирање на граѓаните за плаќање даноци“ на која панелисти ќе бидат градоначалници на Гостивар Арбен Таравари, на Тетово Билал Касами, на Куманово Максим Димитриевски и Митко Јанчев - градоначалник на Кавадарци. ( сала на Советот на Општина Гостивар/14:00) Куманово - Отворање на сензорна соба во Основното училиште „11 Октомври“. (ООУ „11 Октомври“/11:00, Изјави за медиумите/11:15) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан