• понеделник, 23 декември 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)
1 септември 2022 Скопје – Амбасадорот на ОБСЕ  Клеменс Која на проштална средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Собрание на РСМ, Стар кабинет/ 10:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00) Белград – Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“. (линк во живо / 13:00) Белград - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на средба со министерката за евроинтеграции во Владата на Србија Јадранка Јоксимовиќ. (изјави за медиуми/Палата Србија/15.00) Виена – Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе ја претстави Приоритетната рамка на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена. (во живо на линкот: https://www.osce.org/live/ 10:00) -Прес-конференција на министерот за надворешни работи Бујар Османи. (на платформата ZOOM / 12:10, на  линкот: https://osce-org.zoom.us/j/94450826079 Скопје - Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ќе учествува на манифестација за одбележување на годишнината на Агенцијата за национална безбедност. (Клуб на пратеници / 11:00) Скопје - Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска ќе го посети ОУ „Браќа Рамиз Хамид“ во Општина Шуто Оризари по повод првиот училиштен ден. (10:00) Скопје/Мала Речица – Министерот за образование и наука Јетон Шеќири по повод почетокот на учебната 2022/2023 година ќе ги посети: ОУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден (9:00),  ОУ „Наим Фрашери“ во Мала Речица (10:00),  ОУ „Васил Главинов“ во општина Чаир/ (12:00) Скопје/Чашка – Заменик-министерот Лулзим Алиу ќе го посети ОУ „Братство“ во општина Карпош (10:00), државниот секретар Анета Трпевска ќе го посети ОУ „Тодор Јанев“ во општина Чашка (9:00) Скопје -  Седница на Уставен суд. (9:30) Скопје - Прес-конференција на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. (Простории на РКЕ/ 12:30) Скопје – Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе присуствува на првиот училишен час на првачињата од ООУ „Невена Георгиева Дуња”. (Изјава за медиумите/ 9:30) Струга - Прес-конференцијата на Алијанса за Албанците. (Седиште на партијата во Струга / 11:00) Штип – Деветта меѓународна научна конференција: „Општествените промени во глобалниот свет“. (Свечена сала на Правен факултет на УГД/ 11:00, Изјави за медиумите/ 10:15) Скопје „Боите на вкусот“- самостојна изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин. (Дом на култура „Кочо Рацин“, зелен покрив/ 18:30) Куманово – Промоција на документарниот филм „Неколку цркви од Кумановско со царски двери во резба“  од авторот Валентина Андреиќ, виш кустос историчар на уметност. (Занаетчиски дом Куманово/ 12: 00) Битола – Концерт на „Квартет Аулос“. (Офицерски дом/ 19:00) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан