• сабота, 23 ноември 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)
6 април 2022  Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“ /15:00) Кичево – Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски ќе го одбележат завршувањето на градба на фотонапонска електрана „Осломеј 1-10MW“ со тест период на целосно монтирана опрема. (Стар рудник во РЕК Осломеј / 10:30) Брисел - Министерот за надворешни работи Бујар Османи на состанок на Северно-атлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи во седиштето на Алијансата во Брисел. Скопје – Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе се обрати на тркалезна маса на тема „Безбедноста на пешаците во сообраќајот” во организација на Факултетот за безбедност-Скопје и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. (Амфитеатар на Факултетот за безбедност / 11:00)  Скопје – Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе ја презентира новата дигитална услуга – „Електронски уписи на ученици во средни училишта“ во рамки на проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор“. (х.„Хилтон“ /11:30 и онлајн https://us02web.zoom.us/j/86155212943?pwd=YmFWaElTamlmdVFXaTdFai8wSnpaUT09) Скопје - Прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа. (12:30 / https://youtu.be/jPC_8IuEsHI ) Скопје –  Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз ќе се обрати на потпишување меморандум за соработка меѓу Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите и втората група 24 нови партнер општини. (х.„Холидеј ин“ / 11:00)
Скопје – Центарот за австриска економија од Виена и Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе одржат јавна дебата на тема „Иновации во турбулентни времиња“ во рамки на меѓународната иницијатива „Free Market Road Show“. (Правен факултет „Јустинијан Први“, сала за состаноци /10:30; Изјави за медиуми /10:15-10:30)
Скопје – Национална работилница за имплементација на Конвенцијата на Обединети нации против корупција (УНКАК) во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). (х.„Холидеј ин“ /10:00) 
Скопје – Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов ќе одржи прес-конференција. (Собрание на РСМ, прес сала /12:00)
Скопје – Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. (Пред канцелариите на КСС, ул. 50. Дивизија бр.25 /12:00) Скопје – Онлајн-дискусија на тема „[QA] Automation testing essentials“, во организација на Women in Tech Macedonia. (https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_tERgkkNTTZi0U0gq1lbipQ?fbclid=IwAR0eMQxBjmQIY-krf9hkzinqv3VyL4-CVGL8Wun3XMcavyvjTASyx7jWzHQ/ 18:00) Скопје – Доделување на книжевната награда „Пегаз“ за 2021 година и промоција на победничкиот роман – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. (Младински културен центар / 19:00) Струмица – Прв мултимедијален настан од циклусот „Приказни од моето маало“, креативна едукација низ ликовно изразување на тема „Природата нè сака сите“. (Градска библиотека „Благој Јанков-Мучето“/12:00) _________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан