• вторник, 05 ноември 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)
11 јули 2022  Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 78 седница. (Сала „Македонија“/11:00) Скопје - Изјава за медиуми на координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Никола Мицевски (Прес-сала на Собранието/09:45) Рим - Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска во работна посета на Рим. Скопје - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ќе се обратат на отпочнувањето со градба на нова детска градинка во населба Пролет. (Во дворот на ООУ „11 Октомври“, Општина Центар/10:00) Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија ќе одржи прес-конференција на тема „Стопанска комора создава посебен идентитет за македонските производи и услуги“. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1 на 5-ти кат/11:00) Скопје - Агенцијата за електронски комуникации на јавен состанок ќе додели одобренија за петтата мобилна генерација 5Г. (Простории на АЕК/11:00)  Охрид - Официјалното отворање на првата „Виа Ферата“ - патека за алпинистичко качување во Национален Парк Галичица. (Излетничко место Корита/8:30) Скопје - Промоција на збирка поезија „Побег на нештата“ од авторката Љерка Тот Наумова во рамки на „Скопско лето“. (Национална галерија - Даут пашин амам/12:00) Струга - Интердисциплинарен мултимедијален проект „Деструкција вода“ од Исмет Рамиќевиќ. (Дом на културата „Браќа Миладиновци“/20:30) Скопје - Изложба „Меѓу сонот и јавето“ од Марија Светиева и Виктор Бранѓолица. (Ј.У.Дом на КУЛТУРА „Кочо Рацин“ -Скопје, Галерија „КО-РА“/ 18:00)
_________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан