• понеделник, 23 декември 2024

Здравствениот совет ја одржа првата седница, поставени приоритети

Здравствениот совет ја одржа првата седница, поставени приоритети

Скопје, 2 септември 2024

На првата седница на здравствениот совет, формиран како советодавно тело на министерот за здравство, беше потенцирано дека главни приоритети во следниот период ќе бидат изготвувањето здравствена стратегија, спојувањето на универзитетските клиники во еден клинички центар, како и изготвувањето закон за здравствена заштита. 

Здравствениот совет во континуитет ќе ја следи состојбата во јавното здравство, ќе изготвуваат предлог решенија и ќе иницираат новини во интерес на пациентите и здравствените работници.

Министерство за здравство

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан