• петок, 22 ноември 2024

МЗ: Демант на информацијата објавена во вестите на телевизија 24

МЗ: Демант на информацијата објавена во вестите на телевизија 24
Скопје, 17 август 2021 Почитувани, Министерството за здравство категорично ја демантира информацијата објавена во вестите на телевизија 24, каде новинарката на оваа телевизија во линковско вклучување, денеска пласираше вест која е челосно неточна, односно дека на Инфективна клиника најголем број од хоспитализираните пацинети биле со примени две дози вакцина. Новинарката оваа невистинита информација ја потенцираше како „важна“ што предизвика серија реакции во јавноста. Жалиме што оваа информација денеска не беше проверена во Министерството за здравство, ниту пак во КИБФС.  Министерството за здравство тврди дека на Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 94 пациенти и само околу 10 % се вакцинирани со две дози вакцини и истите се со полесна клиничка слика.Министерството за здравство стои на располагање на сите медиуми секој ден во тек на 24 часа и апелира сите информации да ги проверуваат и да ја информираат јавноста вистинито и точно. Министерството за здравство бара телевизија 24 да се извини и да ја повлече информацијата што денеска беше пласирана во вестите во 17 часот. Апелираме дека ваквите невистинити информации ја доведуваат јавноста во заблуда и создаваат уште поголем страв и паника кај граѓаните кои се уште имаат недоумица за вакцините. Процесот на имунизација е многу важен, а медиумите се наш сојузник во борба со ковид пандемијата. Ја поддржуваме слободната мисла, критичкото и истражувачко новинарство но истото очекувано е да се темели на релевантни податоци и точни информации, бидејќи граѓаните тоа го заслужуваат. Одделение за односи со јавност  Министерство за здравство  ________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан