• вторник, 24 декември 2024

МЗШВ: Интервентната програма се дополнува со поддршка за вештачко ѓубриво, сливи и зелка

МЗШВ: Интервентната програма се дополнува со поддршка за вештачко ѓубриво, сливи и зелка
Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека Интервентната програма ќе биде дополнета со нови мерки - за поддршка на вештачко ѓубриво, сливи и зелка. Новите мерки кои се предлог на МЗШВ, денеска беа прифатени од Владата. Како што најавува Министерството, во наредниот период Интервентната програма ќе биде дополнета и со мерка за финасиска поддршка за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. -Нова дополнителна мерка се обезбедува за финасиска поддршка од три денари по килограм за произведена и предадена зелка за период 13 април 2022 до 07 мај 2022 година. Корисници на оваа мерка се регистрирани земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат производство на зелка и поднесено барање по Програмата за финасиска поддршка во земјоделството за 2022 година и производството го имаат предадено во регистрирани откупувачи започани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во Министерството. Максималната прифатлива количина на зелка за која се обезбедува поддршката е 30.000 килограми по хектар пријавена површина, информира МЗШВ. Нова дополнителна мерка се обезбедува и за финасиска поддршка за произведена и предадена слива кај регистрирани откупувачи од 20 август 2022 до 30 септември 2022 година. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во производствената 2022 година имаат овошен насад од слива со поднесено барање за исплата на директни плаќања и производството го имаат предадено во регистрирани откупувачи запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски проиводи на Министерството. Максималната прифатлива количина на сливи за која е обезбедена поддршката е 17.000 килограми по хектар пријавена површина. Висината на финасиската поддршка за откупена слива за август изнесува два денара по килограм, додека висината за финасиската поддршка за откупена слива за септември е четири денари. -Како успешна мерка ја продолжуваме финасиската поддршката на земјоделците за набавка на вештачко ѓубриво при производството на житни култури, однсно за производство на пченица и јачмен. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои оваа есен имаа засеани површини со пченица и јачмен и земјоделски стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал согласно закон. Корисниците треба вештачкото ѓубриво за посевите да го имаат набавено од 01 август до 31 октомври 2022 година. Висината на финасиската поддршка изнесува 3.000 денари по хектар приватлив трошок за набавка на вештачки ѓубрива и тоа во количина од најмалку 200 килограми по хектар за пченица и јачмен, наведува МЗШВ. Според Министерството, Интервентната програма донесена во рамки на Националниот план за производство на храна, ги постигна очекуваните резултати за брза и навремена поддршка на земјоделците. -Изминатиов период преку Интервентата програма на земјоделците обебедивме навремена и брза поддршка во услови на криза, со која им помогнавме во намалување на трошоците за производство. Радуваат постигнатите резултати со интервентните мерки и големата заинтересираност кај земјоделците. Успеавме без проблеми да го спроведеме планираниот систем за прибирање на апликациите и брзата исплата кон земјоделците, подвлекува МЗШВ. На почетокот од годината кога се донесе Интервентата програма, вкупниот интервентен фонд изнесуваше 400 милиони денари, а со ребалансот на буџетот фондот се дополни со уште 500 милиони денари или вкипно достигна 900 милиони. -Преку досегашните мерки со Интервентната програма дававме поддршка за земјоделците за набавка на вештачко ѓубриво во производството на стратешки важните житни култури како пченица, јачмен, пченка и сончоглед. Поддршката за оваа мерка изнесуваше 4 000 денари за набавени вештачки ѓубрива за површини засеани со пченица и пченка со употребени минимум 200 килограми ѓубриво по хектар и 2 500 денари за површини засени со јачмен и сончоглед со употребени минимум 200 килограми ѓубриво по хектар за јачменот, односно употребени 100 килограми по хектар кај сончогледот. Досега мерката за набавка на вештачко ѓубриво ја искористиле 6 895 апликанти за кои се исплатени 112,9 милиони денари. Министерството потсетува и дека поддршка преку мерки од Интервентната програма се обезбедени и за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет, за одгледани и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет и за мерката одгледување на кокошки несилки. Овие мерки ги искористиле вкупно 1 810 апликанти со вкупна исплата во висина од 219,7 милиони денари. -Наша задача е да понудиме решенија за сите проблеми кои ги мачат земјоделците. Одиме стабилно и со план, пари се обезбедени за сите земјоделски гранки. Секој земјоделец добива досега рекордна поддршка и субвенција. Тоа е поддршка за секој човек, поддршка стабилно и зголемено домашно производство на храна, велат од МЗШВ. мч/дма/

Остани поврзан