• петок, 22 ноември 2024

Според Меџити нема политика во разрешувањето на Јовев

Според Меџити нема политика во разрешувањето на Јовев

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) - Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека нема политика во разрешувањето на директорот на Универзитетската клиника за кардиохирургија проф. д-р Сашко Јовев. 

-Апсолутно не, секаде кај ќе има злоупотреби со мене како министер ќе има и санкционирање,  рече денеска Меџити, на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника за ендокринологија. 

Тој најави дека службите на Министерството за здравство попладне во 15 часот на брифинг со медиуми ќе информираат за случајот, за кој има многу реакции во јавноста. 

Прашан врз основа на што заклучил дека професор Јовев не покажува резултати во работата кога за 2,5 години има направено девет трансплантации и дали станува збор за одмазда, Меџити искоментира - не е само професорот Јовев, таму има цел тим што работи за такви комплицирани операции. - За се друго ќе има брифинг за новинарите и ќе бидете известени за сите детали,  рече Меџити, кој вчера во изјава за медиумите наведе дека Јовев е кадар на коалицискиот партнер СДСМ и оти тие треба да предложат друго име.

Објаснувајќи врз основа на што се  разрешуваат директорите посочи дека во Државниот здравствен и санитарен инепкторат има професионалци инспектори за случаи кога имаат индиција за пропусти на некоја клиника. Но, без разлика на тоа јас од првиот ден најавив  дека нема да има институција каде нема да има контроли во државата, потенцираше министерот за здравство. 

Во однос на тоа кога ќе се случи неговата најава дека политички притисоци нема да бидат причина за именувања на директори Меџити истакна дека законот засега дозволува додека не се спроведе неговата инцијатива за заеднички клинички центар, со којашто ќе се укинат организациските директори а медицинските ќе бидат раководотели на одделните клиники. 

-Информацијата како Министерство за здравство ја испративме до Владата и таа го има клучнот збор, а понатаму треба да изгласа Парламентот. Најдобро е тоа да биде од 1 јануари 2024 година бидејќи тогаш се планираат буџетите на здравствените институции, тогаш профункционирањето би било полесно, отколку сега на средина на годината, изјави Меџити. лв/бд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан