Меџити: Над 8 милиони денари инвестиција за улицата 157
- Во Гази Баба се финализира инфраструктурен проект што на оваа зона ѝ дава нов, модерен изглед и значително ги подобрува условите за граѓаните. Работите опфаќаат асфалтирање на улицата 157, на делницата од џамијата до скалите кон булеварот, со што оваа улица се претвора во функционален и уреден простор, соопшти општина Чаир.
Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Во Гази Баба се финализира инфраструктурен проект што на оваа зона ѝ дава нов, модерен изглед и значително ги подобрува условите за граѓаните. Работите опфаќаат асфалтирање на улицата 157, на делницата од џамијата до скалите кон булеварот, со што оваа улица се претвора во функционален и уреден простор, соопшти општина Чаир.

Проектот, како што се наведува во соопштението, е реализиран од почеток, вклучувајќи изградба на нова водоводна мрежа, функционална атмосферска канализација, јавно осветлување, квалитетен асфалт и уредени тротоари кои ја зголемуваат безбедноста и стандардот на живеење за жителите.

-Ова е инвестиција што директно се враќа кај граѓаните. Со над 8 милиони денари инвестиција создаваме модерна инфраструктура и подобри услови за живот за жителите од оваа зона - изјавил Меџити.
Вкупната вредност на проектот, се додава во соопштението, изнесува над осум милиони денари, од кои 2,8 милиони денари се обезбедени од Министерството за животна средина за водоводната мрежа, додека околу 5,2 милиони денари се инвестиција на Општината за останатиот дел од проектот. ац/
Фото: Општина Чаир