• петок, 05 декември 2025

Меџити и Ганиу на увид на градежните активности во населбата Саат Кула

Меџити и Ганиу на увид на градежните активности  во населбата Саат Кула

Скопје, 23 јули 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска реализирале теренска посета во населбата Саат Кула, каде што се одвиваат градежни активности во рамки на значаен инфраструктурен проект.

Како што информираат од Општина Чаир, проектот, кој е финансиран преку јавниот повик на Министерството за локална самоуправа за 2024 година, е во вредност од 59.861.572 денари и опфаќа реконструкција на водоводната и фекално-атмосферската канализациона мрежа на десет улици во оваа населба.

-Ги опфаќа улицата позади Поликлиниката Бит Пазар, улицата „Чаирска“ (кај седиштето на ИВЗ), улицата „178“, улицата „156“, улицата „374“, улицата „177“ (незавршениот дел од претходно), улицата „150“, улицата „397“, улицата „157“ (во делот на населбата Саат Кула), улицата „Христјан Тодоровски Карпош“, наведуваат од општинската прес-служба.

Од Општина Чаир посочуваат дека од реализацијата на овој проект директна корист ќе имаат околу 260 домаќинства, како и повеќе значајни објекти и институции, вклучително и Поликлиниката Бит Пазар, ООУ „Конгреси и Манастирит“, седиштето на ИВЗ, џамиите Иса-Бег и Султан Мурат, како и голем број деловни субјекти во овој локалитет.

-Овој проект претставува конкретен чекор кон подобрување на основната инфраструктура и подигнување на стандардите за живеење на граѓаните во оваа истакната и функционално значајна зона на Општина Чаир, се наведува во соопштението.фф/дма/

Фото: Општина Чаир

Остани поврзан