• сабота, 21 декември 2024

Меџити изврши увид во изградбата на ободниот канал во Арачиново

Меџити изврши увид во изградбата на ободниот канал во Арачиново

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја посети Општина Арачиново каде направи увид во изградбата на ободниот канал чија цел е заштита од поплавување.

- Овој проект е од исклучителна важност за заштита на населените места и обработливите земјишта од поплавување, не само на општина Арачиново, туку и на општините Гази Баба, Илинден и Петровец. Тој е во должина од 27 километри, а во моментот се реализира регулација на дел од ободниот канал со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во висина од околу 64 милиони денари, реколМеџити.

Како што пренесе Министерството за животна средина и просторно планирање, Меџити информира дека со овие средства се интервенира на делот од мостот на регионалниот пат Скопје - Куманово долг околу 300 метри, а самиот проект треба да биде завршен до јуни следната година.

- Според она што го видовме на терен, проектот се одвива согласно планот и досега се реализирани 38 отсто. Сметам дека со овој зафат ќе се придонесе многу и за заштитата на населението од поплавување и за подобрување на условите за живот на населението, особено од причина што каналот кој поминува низ општина Арачиново носеше голем ризик од поплавување, изјавил Меџити.

Според информациите од терен, како што се наведува, низ ободниот канал на Арачиново е собрано значително количество отпад од пластични шишиња и друга амбалажа, а дополнително и самата вегетација ја намалува пропусната моќ  на каналот.

- Поради тоа, Министерството за животна средина и просторно планирање и наложи на општината да ја поддржи регулацијата на каналот со цел  враќање на улогата на каналот со обезбедување на услови за подобар проток на атмосферската вода низ самото село и заштита на жителите од оваа општина од поплавување, се вели во соопштението од МЖСПП. мд/бак/

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

 

Остани поврзан