• понеделник, 23 декември 2024

Меѓународниот комитет на Црвениот крст посетил вкупно 1.500 руски и украински воени заробеници

Меѓународниот комитет на Црвениот крст посетил вкупно 1.500 руски и украински воени заробеници

Женева, 14 јуни 2023 (МИА) – Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) денеска соопшти дека посетил 1.500 воени руски и украински воени заробеници.

Организацијата со седиште во Женева постојано е критикувана од украинскиот претседател Володимир Зеленски дека не прави доволно за да добие пристап до воените заробеници што ги држи Русија.

МКЦК ја истакна важноста на оваа мисија, која дава можност да се проверат условите на притвор, да се понуди поддршка, а понекогаш и книги или хигиенски материјали. Исто така е важно да се пренесуваат информации меѓу воените заробеници и нивните семејства.

МКЦК и нејзините партнери досега доставија околу 2.500 приватни пораки меѓу воените затвореници и нивните семејства и помогнаа на околу 5.500 семејства да им се обезбедат информации за судбината на нивните најблиски вклучени во конфликтот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан