• петок, 22 ноември 2024

Меѓународниот ден на Ромите одбележан во Делчево

Меѓународниот ден на Ромите одбележан во Делчево

Делчево, 6 април 2024 (МИА) - Во организација на Општина Делчево и Здружението Ромски едукативен и културен центар Тернипе МК -  Делчево,  вечерва во Спомен-домот „АСНОМ“ се одбележа 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите.

Како што истакна Ермина Реџепова, координатор на проектот, одбележувањето е дел од програмските активности на „Биди во кругот“ (Be in the Circle) проект кој се реализира од страна на Тернипе МК од Делчево.

Oпштина Делчево и локалната самоуправа, како што истакна градоначалникот Горан Трајковски, ќе продолжат да создаваат општина на доверливи и одговорни граѓани кои ќе ја развиваат и практикуваат меѓуетничката инеграција, свесни  дека сите треба да бидеме креатори на општество кои промовира соживот, мир и разбирање.

На свеченоста настапија членовите на КУД „Гоце Делчев“ и Тернипе МК од Делчево, како и гостите од Србија од истоименото здружение Тернипе од Пирот.

-Свеченоста беше во знакот на зачувување на традиционалнта култура, фолклорните обрасци со презентација на различните традиционални уметности, кои придонесуваат за афирмација на културниот деверзитет и на соработка меѓу заедниците во Република Северна Македонија, рече Реџепова.

Одбележувањето на Меѓународнот ден на Ромите заврши со дегустација на традиционална храна. вс/хс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан