• среда, 20 ноември 2024

Меѓународен турнир во пинг-понг и концерт на Некст Тајм викендов во Берово

Меѓународен турнир во пинг-понг и концерт на Некст Тајм викендов во Берово

Берово, 12 септември 2024 (МИА) - Берово викендов ќе биде домаќин на меѓународен турнир во пинг понг „Зегин ОПЕН 2024", кој од 13-ти до 15 септември ќе се одржи во спортската сала Македонски Бранители. За сабота на 14 септември е предвидено дефиле на земјите учеснички, а во рамки на настанот вечерта е предвиден голем концерт на македонската музичка група „Некст Тајм“ на Градскиот плоштад „Димитар Беровски“ во Берово.

-Овој турнир привлече големо внимание на натпреварувачи од целиот свет што само по себе е потврда за голем и успешен турнир. На турнирот ќе учествуваат ќе земаат покрај Македонија како земја-домаќин и Аргентина, Косово, Бугарија, Нигерија, Киргистан, Србија, Турција, Украина, Грција, Германија, Хрватска и Белорусија. На овогодинешното издание од „Опен Зегин 2024“ ќе учествуваат вкупно 177 натпреварувачи, информираат организаторите на турнирот. 

Учесниците на турнирот ќе бидат поделени во неколку категории меѓу У-13, У-15, У-19, апсолутна категорија, категории кај ветераните 40-49 години, 50-59 години, 60-69 години и највозрасните 70+ години во машка и женска конкуренција.

-Паричната награда за првото место во апсолутна категорија и во машка и женска конкуренција е 1.600 евра, а вкупниот награден фонд на „Зегин Опен 2024“ е 12.000 евра.

Компанијата Зегин и ППК Зегин се единствени спонзори и организатори на овој турнир, кој е најголем турнир од ваков карактер на Балканот и пошироко. вс/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан