• недела, 23 јуни 2024

Меѓународен театарски фестивал во Демир Капија 

Меѓународен театарски фестивал во Демир Капија 

Демир Капија, 1 август 2023 (МИА) - Меѓународен театарски фестивал насловен „Без рамка“ по вторпат се реализира деновиве во Домот на културата во Демир Капија, а вечерва пред театарската публика се претстави театарот од Уб, Србија, со претставата „Портрет“. Истовремено, Демир Капија одбележува 60 години постоење на Театар „Мирка Гинова“ и 30 години театарска активност на актерот и режисер Томе Атанасов при овој театар.

-Отворањето на фестивалот беше со претставата „С чиме, с ким у ЕУ“, во изведба на актерите од Драфт театар од  Тузла, Босна и Херцеговина. Следен на програмата, беше  независниот Театар чекори од Скопје, со претставата „Драги уметници“. Трети на агендата беа најмладите актери од театарот домаќин, со претставата „Палавиот фолк Пинокио“. Синоќа настапија артистите од Коњица, Босна и Херцеговина, со претставата „Бујрум Моји“. Со театарот од Уб,  уживавме оваа вечер, појаснија организаторите. 

На 3 август е скопската претстава „Самоубиство во самоодбрана“, а на 5-ти, настапува театарот од Кавадарци со „Не се клади на Енглези“. свд/вј/

Фото : Општина Демир Капија 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан