Меѓународен детски фестивал „Гроздоберче“ утре и во сабота во Кавадарци
- Меѓународниот детски фестивал „Гроздоберче“, по 28 пат ќе се одржи утре и во сабота во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци.
Кавадарци, 31 октомври 2024 (МИА) - Меѓународниот детски фестивал „Гроздоберче“, по 28 пат ќе се одржи утре и во сабота во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци.
Уметничкиот директор на фестивалот, Зоран Станоев Дејзи вечерва рече дека очекуваат дводневна детска фестивалска забава што ќе се памети.
- Зад нас се години поминати со песна, радост, дружење, едукација во областа на музиката. Вообичаено, секоја фестивалска година имаме по 15 - 18 солисти. Во хорот се стотина, а во балетските групи околу 150 деца. Изминатиов период, на фестивалската сцена имаат учествувано над 4.200 учесници, солисти, водители, хористи и учесници во балетски групи. Редовно, покрај од државава, имаме и странски претставници солисти. Нашите учесници редовно освојуваат награди во земјава и странство. Фестивалот е и расадник за млади таленти. Многумина што се дел од него, подоцна стануваат реномирани естрадни музички уметници, потсети Станоев.
Тој најави и многу новитети, со цел збогатување на фестивалската програма во иднина.свд/ар
Фото: Зоран Станоев Дејзи