• понеделник, 25 ноември 2024

Мета: Претседателот треба да го избира народот а јас на оваа функција ќе се вратам по 25 години

Мета: Претседателот треба да го избира народот а јас на оваа функција ќе се вратам по 25 години
Тирана, 9 април 2022( МИА) - Албанскиот претседател Илир Мета, чиј петгодишен мандат завршува на 24 јули, смета дека изборот на шеф на државата треба да биде на непоредни избори.
На пресконференција одржаа доцна попладнево тој соопшти дека нема да се кандидира за втор мандат, додавајќи дека "ќе се врати на функцијата по 25 години".
- Посакуваат добар претседател за народот, нека дозволат народот да го избере, со оние надлежности што ги има. Подготвен сум на 13 октомври да се спроведат локални, парламентарни и народот да го избере претседателот и да даде решение за оваа криза. Да оставиме народот да го избере претседателот. Да не се грижат јас нема да се кандидирам сега,  на оваа функција повторно ќе се вратам по 25 години, рече Мета.
Педесет и три годишниот Мета, кој тогаш беше лидер на Движењето за социјалистичка интеграција, за претседател беше избран со поддршка на социјалистите на Еди Рама.
И поранешниот претседател Алфред Моисиу, кој е единствен консензуален кандидат за оваа функција до сега, деновиве рече дека шефот на државата треба да го избира народот на непосредни избори.
Парламентот процедурата за избор на претседател официјално треба да ја почне на 24 мај и во рок од седум дена треба да се одржи гласање. вт/

Остани поврзан