• среда, 03 јули 2024

Мета: Да креираме стабилни перспективи за задржување на младите во регионот

Мета: Да креираме стабилни перспективи за задржување на младите во регионот
Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) - Егзодусот на младите од регионот, особено од Албанија, кај мене предизвикува голема загриженост, но ова е конкретен факт. Најголем проблем е заминувањето на најинтелектуалните и најкреативните сили, најмладите, но за жал и најквалификувани, што ја зголемува нашата одговорност за да им дадеме на младите една иднина, една можност во Албанија, Косово и Северна Македонија и секаде во нашиот регион, истакна албанскиот претседател Илир Мета во денешното предавање на тема „Албанците во новиот милениум – предизвици и перспективи“ во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. - Треба да ја вратиме состојбата во вистинската насока. За нас, е многу важно сите Албанци, каде и да се, да се потрудат да надвладее правната држава, демократијата, европските и евроатлантските вредности и соживотот со целосни права и дигнитет. Знаеме дека овој е регион со тешко минато, но токму поради горчливите спомени треба да работиме да креираме стабилни и веродостојни перспективи за младите генерации со позитивна и атрактивна перцепција за нашиот регион, особено во насока на странските инвестиции што ни се потребни за да и додадеме на регионот друг економски раст и да им се даде подобра можност на нашите млади да останат тука и да имаат добро платена работа, рече Мета. Тој потенцира дека во нашиот регион нема големи и помали народи, туку треба да има европски вредности што се бранат, почитуваат на иста начин од сите. Мета смета дека Европската унија не треба да ја доведе во ризик нејзината веродостојност, туку да најде секаков начин, секакво средство за старт на преговорите за Северна Македонија и Албанија и да гарантира либерализирање на визниот режим за граѓаните на Косово. - Редефинирањето на границите во нашиот регион не може да биде решение, затоа што оваа прашање е пробувано и потрфли и беше една катастрофа за нашиот регион, но и за континентот на кој сме ние. Единственото решение е почитувањето на сите малцинства од кого било на вистински начин, на европски начин. Само тоа ќе може да ја донесе потребната стабилност, ќе го зајакне соживотот и ќе ја подобри и бизнис климата. Би сакал да го поздравам извонредниот напредок на Северна Македонија во последните години и Договорот од Преспа, Охридскиот договор, но и Пржинскиот договор, кои одиграа важна улога за Северна Македонија да биде позитивен пример во нашиот регион, рече претседателот Мета. фф/сп/

Остани поврзан