• четврток, 27 јуни 2024

Мета: Гласајте за кандидатите за кои мислите дека ќе ви ги дадат најдобрите решенија за вашите проблеми

Мета: Гласајте за кандидатите за кои мислите дека ќе ви ги дадат најдобрите решенија за вашите проблеми
Тирана, 5 април 2021(МИА) - На дваесетина дена пред парламентарните избори, што ќе се одржат на 25 април, албанскиот претседател, Илир Мета упати апел до граѓаните активно да учествуваат на истите и да гласаат за кандидати за кои сметаат дека најдобро можат да ги решат нивните проблеми. -Во овие денови пред изборите на 25 април, ве повикувам сите, според убедувањата, да земете активно учество, да не дозволите никој да го повреди вашето право на глас, слободно и достоинствено. Свесно изберете ги своите најдобри синови и ќерки. Гласајте за оние кандидати за кои мислите дека ќе ви дадат најдобри решенија за вашите проблеми и да ја направите Круја и цела Албанија посакувано место за живеење за вас, за младите, вашите деца, но и најпосетувано место од сите Албанци и туристи во иднина, порача Мета од градот Круја. Тој исто така нагласи дека е важно Албанија да се интегрира во Европа и да го зајакне својот национален идентитет. -Ви благодарам за целиот придонес во зачувувањето на традициите затоа што е многу важно да го зајакнеме нашиот национален идентитет и да се интегрираме во Европа како Албанци, додаде Мета. Во градот Круја,каде се наоѓа и кулата на националниот херој Скендербег, како и други вредни знаменитости, Мета престојуваше на свеченост на која на неколку личности од уметноста, културата и промовирање на традицијата во Круја им додели посебни признанија. вт/

Остани поврзан