• среда, 18 декември 2024

Месните заедници од Гевгелија учествуваа во креирањето на општинскиот буџет за следната година

Месните заедници од Гевгелија учествуваа во креирањето на општинскиот буџет за следната година

Гевгелија, 16 декември 2024 (МИА) - Претседателите на месните заедници од Гевгелија побараа подобрување на патната и комуналната инфраструктура, како и изградба на детски игралишта. Овие барања преку проекти треба да влезат во буџетските ставки за наредната година, а беа искажани во рамки на јавната расправа по нацрт буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година.

Како што информираа од Општината преку нејзината веб страница, градоначалникот Андон Сарамандов остварил работна средба со претседателите на месните заедници во општина Гевгелија. На средбата бил презентиран нацрт буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година и со тоа на месните заедници им било овозможено директно да учествуваат во креирањето на буџетот.

Градоначалникот Сарамандов потенцирал дека сите изнесени барања и предлози се во надлежност на Општината и ќе бидат вградени во буџетските програми за комунално уредување и за локални патишта и улици за 2025 година.

Инаку, јавната расправа по нацрт-буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година продолжува вечерва во Народниот театар- Гевгелија, а на јавната расправа можат да учествуваат сите граѓани од Општина Гевгелија. рт/дма/

Фото: Општина Гевгелија

Остани поврзан