• сабота, 29 јуни 2024

Меси е четвртиот играч во историјата на Ла Лига кој постигнува гол 17 последователни сезони

Меси е четвртиот играч во историјата на Ла Лига кој постигнува гол 17 последователни сезони
Барселона, 27 септември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси реализира пенал на вечерашниот меч од Ла Лига против Виљареал. Аргентинецот постигна гол 17 последователни сезони во Шпанското фудбалско првенство. Само тројца играчи успеаја да го постигнат тоа: поранешниот напаѓач на Атлетик, Агустин Гајнсе (19 сезони по ред), екс-напаѓачот на Реал Мадрид, Карлос Алонсо, познат како Сантиљана (17) и дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос (17). Барселона победи на средбата со Виљареал со резултат 4:0. зс/

Остани поврзан