• вторник, 02 јули 2024

Меси го сруши рекордот на Чави за асистенции во една сезона

Меси го сруши рекордот на Чави за асистенции во една сезона
Виторија-Гастиз, 19 јули 2020 (МИА) - Капитенот на Барселона, Лионел Меси постави рекорд во шпанската Ла Лига по број на асистенции по сезона. Во последното, 38. коло, Барса го совлада Алавес на гости со 5:0. Меси на денешниот дуел постигна два гола и му асистираше на Ансу Фати. Аргентинецот стигна до 21 асистенција поминувајќи го поранешниот соиграч Чави, кој  во сезоната 2008/09 година забележа 20 асистенции. Вреди да се одбележи дека Меси најверојатно ќе победи во трката за стрелци. Тој има 25 погодоци, а неговиот најблизок прогонувач, Карим Бензема од Реал Мадрид, има 21 погодок и еден натпревар помалку. зс/

Остани поврзан