• петок, 22 ноември 2024

Меси го напушти тренингот на ПСЖ поради непријатност во мускулите, Аргентинецот не се скара со Галтие

Меси го напушти тренингот на ПСЖ поради непријатност во мускулите, Аргентинецот не се скара со Галтие

Париз, 17 март 2023 (МИА) - Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси го напуштил тренингот на својот тим поради непријатност во мускулите, објави Get French Football News.

 

Претходно во француските медиуми с епојавија шпекулации дека Аргентинецот ја напуштил локацијата на клубот поради несогласувања со главниот тренер на парижаните, Кристоф Галтие.

 

Според изданието, фудбалерот не се скарал со специјалистот, Аргентинецот го завршил тренингот пред предвиденото поради фактот што почувствувал непријатност во адукторниот мускул.

 

Актуелниот договор на 35-годишниот Аргентинец со парискиот тим е со важност до претстојното лето.

 

Меси оваа сезона забележа 31 настап за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 голови и 17 асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан