• петок, 05 декември 2025

Мерц: Русија ќе ја заврши војната против Украина од економски и воени причини

Мерц: Русија ќе ја заврши војната против Украина од економски и воени причини

Берлин, 30 август 2025 (МИА)  - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека очекува дека Русија ќе ја запре војната против Украина само кога повеќе нема да биде во можност да ја води од економски и воени причини, бидејќи дипломатските напори во последните недели не успеаја.

-Сите напори во последните недели беа пречекани со уште поагресивен пристап од страна на режимот во Москва кон населението на Украина, рече Мерц на регионалниот состанок на неговата Христијанско-демократска унија во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, пренесоа британските медиуми.

Началникот на Генералштабот на руската армија, Велери Герасимов, претходно денеска изјави дека руските трупи спроведуваат континуирана офанзива речиси по целата линија на фронтот во Украина и дека имаат „стратешка иницијатива“.

Русија, исто така, од летово ги засили воздушните напади врз украинските градови и места далеку од линијата на фронтот.сд/

фото: ДПА

Остани поврзан