• вторник, 05 ноември 2024

Мерц: Вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи го и Западен Балкан

Мерц: Вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи го и Западен Балкан

Берлин, 1 мај 2024 (МИА) - Лидерот на германската опозициска Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц денеска се заложи за прием на нови земји во Европската унија и рече дека вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи ги и партнерите од Западен Балкан ако ги исполнат критериумите за пристапување.

„Вратата на Европската унија останува отворена за новите членки како Украина, Грузија, Молдавија или земјите од Западен Балкан, доколку ги исполнат критериумите“, рече Мерц за германскиот весник „Тагешпигел“.

Тој додаде дека реформата на процесот на проширување е неопходна поради, како што рече, земјите кои не сакаат да се приклучат во ЕУ или не се во можност да се приближат кон Унијата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан