• понеделник, 18 ноември 2024

Мерцедес на 18 февруари ќе го претстави новиот болид

Мерцедес на 18 февруари ќе го претстави новиот болид
  Лондон, 18 јануари 2022 (МИА) – Болидот за новата сезона во Формула 1 на екипата Мерцедес ќе биде промовиран на 18 февруари, а истиот ден ќе биде извршено и пробното тестирање. Новиот болид на Мерцедес го доби името W13. Мерцедес минатата сезона ја освои титула во серија во конкуренција на конструктори. Новата сезона во Формула 1 стартува на 20 март со трката за Големата награда на Велика Британија, а за Мерцедес ќе возат Луис Хамилтон и Џорџ Расел. ег/

Остани поврзан