Мерилин Менсон се изјасни невин за нападот со плукање
- Рокерот е обвинет дека му пришол на камерманот за време на концерт во Њу Хемпшир (САД), го плукал и си го исекнал носот кон него.
Конкорд, 3 септември 2021 (МИА) - Мерилин Менсон се изјасни невин за напад, откако беше обвинет за плукање кон камерман, на еден од неговите настапи. Настанот, наводно, се случил 2019 година, а хеви-металецот годинава сам ѝ се предаде на полицијата.
Пејачот - со вистинско име Брајан Ворнер, е обвинет дека му пришол на камерманот на концерт во Њу Хемпшир (САД), го плукнал и си го исекнал носот кон него. Рокерот се соочува со казна од 2.000 долари и до една година затвор, доколку биде прогласен за виновен. Во меѓувреме, тој е обвинет и за неколку случаи на сексуална злоупотреба.
Следното рочиште е закажано за в четврток.
Ворнер претходно беше ослободен со кауција под услов да не изврши никакви кривични дела за време на ослободувањето, да нема контакт со наводната жртва и да се појави на сите судски рочишта. Претходно беше распишана и потерница по него. си/