• петок, 22 ноември 2024

Менди прогласен за најдобар голман во светот за 2021 година, Ламела ја доби наградата „Пушкаш“ за најубав гол

Менди прогласен за најдобар голман во светот за 2021 година, Ламела ја доби наградата „Пушкаш“ за најубав гол
Цирих, 17 јануари 2022 (МИА) - Голманот на Челзи и Сенегал, Едуард Менди е прогласен за најдобар голман за 2021 година од страна на „The Best FIFA Football Awards 2021“. epa09691644 A general view of a FIFA Best Football Award prior to the Best FIFA Football Awards 2021 in Zurich, Switzerland, 17 January 2022.  EPA-EFE/Harold Cunningham / POOL EDITORIAL USE ONLY; NO SALES, NO ARCHIVES Церемонијата на доделување на наградите се одржува во Цирих, Швајцарија. Дваесет и деветгодишниот Менди ја освои Лигата на шампионите 2020/21 со тимот од Лондон. Ерик Ламела ја доби наградата на ФИФА Пушкаш за најубав гол на годината. Поранешниот играч од средниот ред на Тотенхем, Ерик Ламела ја доби наградата на ФИФА „Ференц Пушкаш“ која се доделува за најубав гол. Погодокот на Ламела против Арсенал (2:1) на 14 март му ја донесе наградата на 29-годишниот аргентински фудбалер. Покрај Ламела, на списокот номинирани беа и чешкиот напаѓач Патрик Шик за неговиот гол против Шкотска на ЕП 2020 и напаѓачот на Порто, Мехди Тареми за голот против Челзи во натпреварот од Лигата на шампионите. зс/

Остани поврзан