• недела, 22 декември 2024

Менди во јануари на суд по обвиненијата  за сексуално злоставување

Менди во јануари на суд по обвиненијата  за сексуално злоставување
Лондон, 11 септември 2021 (МИА) – Фудбалерот на англискиот шампион Манчестер сити, Бенџамен Менди ќе се појави на почеткот на идната година на суд по обвиненијата за две силувања и еден сексуален напад врз три жени. Менди, кој е обвинет по четири точки за силување и една за сексуален напад, ќе се појави на суд на 24 јануари. Неговиот адвокатски тим најави дека на сослушувањето закажано за 15 ноември ќе побара отфрлање на обвиненијата. Минатиот месец судот го одби барањето за кауција, по што Менди остана во притвор во Ливерпул. Неговиот клуб, Манчестер сити по поднесените обвиненија го суспендираше 27-годишниот фудбалер, кој дојде во премиерлигашот во 2017 година од редовите на Монако. ег/паг/

Остани поврзан