• среда, 03 јули 2024

Мендеш повторно стапил во контакт со Челзи за да разговараат за трансфер на Роналдо

Мендеш повторно стапил во контакт со Челзи за да разговараат за трансфер на Роналдо
Лондон, 29 август 2022 (МИА) - Жорге Мендеш, агентот на фудбалерот на Манчестер јунајтед, повторно стапил во контакт со лондонскиот клуб за да дознае дали е можен трансфер на Португалецот, пишува „The Independent“. Сепак, тренерот на Челзи, Томас Тухел, нема дадено зелено светло за реализација на овој трансфер. Викендот беше објавено дека неговата позиција била под влијание на разговорот со поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник. Роналдо нема постигнато гол на четири натпревари во Премиер лигата оваа сезона со Манчестер јунајтед. Португалецот најчесто натпреварите ги почнуваше од клупата за резервни играчи, а стартер беше само на средбата со Брентфорд (0:4). зс/

Остани поврзан